Естонските нордијци признале дека употребувале допинг

Двајцата естонски нордијци, кои направиле признанија по случајот, се Карел Трамјарoв и Андреас Верпалу, син на поранешниот светски и олимписки шампион Андрус Верпалу.

54

Двајца естонски нордиски скијачи признале дека користеле крвен допинг, за да ги подобрат перформансите, соопшти обвинителството во Австрија. Признанијата на Естонците доаѓаат заедно со оние на нивните колеги од Казахстан и Австрија, кои беа откриени од антидопинг агентите за време на актуелното светско првенство во Зефелд.

Двајцата естонски нордијци, кои направиле признанија по случајот, се Карел Трамјарoв и Андреас Верпалу, син на поранешниот светски и олимписки шампион Андрус Верпалу.

Во моментов, вкупно петмина спортисти направија признанија за случајот кој го потресе Светското првенство во нордиски дисциплини. Според австриските власти, сите приведени спортисти помогнале многу во појаснувањето на случајот и веќе се ослободени.

Казахстанската ски федерација изјави дека нејзиниот спортист е двократниот освојувач на медал од светските првенства, Алексеј Полтаранин додека од австриска страна се уште нема официјална потврда, но осомничени Макс Хауке и Доминик Балдауф.

Според властите во Австрија, во основата на допинг скандалот стои германски лекар, кој е дел од шема за дистрибуција на забранети супстанции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...