Граѓани ја блокираа главната улица во Ченто поради сообраќајка во која беа удрени две деца

3237

Поради протест на група граѓани во населбата Ченто во Скопје блокирани се улиците „Алија Авдовиќ“ и главната „Методија Андонов Ченто“.

Од МВР потврдуваат дека има протест, но нема официјални информации за причините поради кои се протестира.

На протест се излезени околу 50-тина граѓани, а жители кои живеат во тој дел велат дека протестот е во знак на револт за вчерашната сообраќајка кога на „Алија Авдовиќ“ беа повредени две деца на возраст од девет години.

Двете дечиња се хоспитализирани во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Едното дете е во критична состојба, а кај другото се констатирани телесни повреди. Несреќата се случила вчера околу 12.35 часот кога 31-годишен скопјанец удрил во нив со автомобил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...