И Хрватска го ратификуваше Протоколот за НАТО

248

Хрватскиот Сабор денеска со 116 гласови „за“ и два „против“ го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.

Гласањето го следеше и делегација од Сверна Македонија. Претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ им честиташе за потврдувањето на Протоколот за влез во НАТО, најавувајќи дека Хрватска ќе продолжи да и дава поддршка на Северна Македонија и на патот кон членството во Европската Унија.

– И честитам на Република Северна Македонија за членството во НАТО и можам да ви кажам во име на застапниците кои ја поддржаа денешната одлука дека Република Хрватска ќе ви даде поддршка на патот кон ЕУ – порача Јандроковиќ.

Хравтаска е петта члекна на НАТО што го ратификува Протоколот за членство во НАТО. Прва тоа го стори Грција, а по неа Словенија, Албанија и Бугарија.

Протоколот за членство на Сецрена Макеоднија денеска треба да биде одобрен и во Парламентот на Црна Гора.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...