Едно лице загина, а едно е полесно повредено во 294 пожари, кои вчера избувнаа во Хрватска, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Сите пожари биле регистрирани во периодот од осум до 20 часот, а повеќето биле предизвикани од неконтролирано палење коров, јави хрватскиот портал Индекс.
Хрватската почиција истакна дека повеќето пожари се изгаснати, а против 32 лица се поднесени прекршочни пријави.