Протест на средношколци против глобалното затоплување во Хамбург

58
ФОТО: EPA / FOCKE STRANGMANN

Илјади средношколци денеска се собраа во германскиот град Хамбург на протест против глобалното затоплување.

Митингтот во тој пристанишен град, во северна Германија, го води шведската тинејџерка Грета Тунберг, која е истакнат борец во кампањата против климатските промени.

„Одете сега или пливајте подоцна“ е еден од транспарентите на протестите во Хамбург, кој треба да потсети на глобалниот пораст на нивото на морињата и топењето на глечерите.

Шеснаесетгодишната Грета во јануари годинава, на Светскиот економски форум во Давос порача: „Сакам да паничите. Сакам да го чувствувате стравот, кој јас го чувствувам секој ден“.

Грета тогаш зборуваше дека ЕУ треба двојно да ги зголеми целите за намалување на емисиите на штетните гасови, за да се спречи глобалното затоплување, а моменталните зацртани цели на ЕУ се до 2030 година емисиите да се намалат за 34 отсто во однос на нивото во 1990 година.

Се планира слични протести да се одржат во повеќе градови ширум светот.

ФОТО: EPA / FOCKE STRANGMANN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...