Мајка, татко и две деца убиени во својот дом во Чикаго

256
ФОТО: Си-Би-Ес

Мајка, татко и нивните две деца биле убиени во својот дом во Чикаго, пренесува Си-Би-Ес.

Жртвите се 34-годишниот Брендин Ли, 28-годишната Жаклин Гаскин, шестгодишната Џијана Ли и едногодишниот Џиовани Ли.

Полицијата не кажала кој е одговорен за нивната смрт, но мајката на Гаскин изјавила оти нејзината ќерка и децата биле убиени откако Жаклин сакала да раскине со Брендин.

– Тој сакаше да контролира многу работи, таа сакаше да побегне од тоа, мислам дека поради тоа состојбата се влоши. Ова беше последното негово преземање на контролата, да ги земе сите со себе, да не замине самиот – појаснила таа.

Жаклин учела за да стане медицинска сестра.

Блиски на семејството биле шокирани од трагедијата. Тие мислеле дека Брендин и Жаклин имаат убава врска.

ФОТО: Си-Би-Ес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...