Имено, за мене беше повеќе од доволна (и пресудна!) препораката на покојниот Блаже Конески кој добил писмо од тогашниот директор на софиискот Семинар Кујо Куев, професор по старобугарска литература на универзитетот во Софија. Тој му се обратил на Конески со писмо да одбере човек од скопскиот универзитет кој ќе го прати на софискиот Летен семинар. Изборот на Конески паднал на мене па така, и покрај отпорите на мојата матична Катедра, јас се најдов во Софија во таа далечна 1974 г.
Ми остана во живо сеќавање од тој софиски Семинар едно предавање на знаминитиот бугарски лингвист Иван Дуриданов (1920-2005) на тема од историјата на бугарскиот јазик. Меѓу другото, во тоа предавање Дуриданов се повикуваше и на некои детали од Историјата на македонскиот јазик (1967) на Конески во која бев добро упатен. Веќе не се сеќавам по кој повод и со кој мотив, меѓутоа добро се сеќавам дека Дуриданов наведе еден детаљ од Историјата на Конески кој дава соснова да се мисли дека, своевремено, словенските маси се спуштиле дури до Пелопонез, за што сведечел топонимот „Гардаки“ кој, сапоред Историјата на Конески, бил грчка адаптација на словенизмот „городец“.
Изјавата-коментар на нашиот министер Никола Димитров на точката „ГорнаМакедонија“ или „Горна Македонија“ беше, во добриот дух на еден вид дипломатска пристојност – дискретна, деликатна, отмена, супериорна. Иако сето тоа некако се меша со некој вид склоност кон мачно и мрачно самопонижување кое гази по човечноста, во името на повисоки цели какви што нема, затоа што повисоки цели од човечноста ни не може да име.
А што и како рече Димитров за предлогот на Коѕиас? Тој рече дека ќе било „малку потешко“ да им се објасни на Македонците зашто би бил за нив “добар, разумен компромис“ ако се согласат тие да се викаат „ГорниМакедонци“ или „Горнимакденоци.“ Тоа свое „малку поешко“ Димитров го изговори со некои видливи напри, со упадливи семантички паузи кои кажуваат многу повеќе од тоа што го кажуваат меките зборови „малку поешко“, а пак тие напори и паузи јасно кажуваат дека е неможно да му се објасни на простиот, обичен свет како и зошто неговиот прв сосед подобро знае од него зошто е добро за него само тоа што е добро за неговиот сосед, но не и тоа што самиот си мисли дека е добро за него. Така, по којзнае којпат, доаѓаме до ирационалната (надвор од умот) димензија на еден меѓудржавен спор за кој нема, ниту може да има разумно (рационално) решение. Уште помалку – достоинствено! Иако збоот достоинство не го вадат од уста веќе две децении политичарите и на двете земји кои „преговааат“ за името.