САД нудат награда од милион долари за информација за синот на Осама бин Ладен.
Би-Би-Си пренесува дека наводно Хамза бин Ладен станува нов водич на Ал Каеда.
Се верува дека тој се наоѓа во близина на авганистанско-пакистанската граница.
Како што се наведува, тој последните години објавувал аудио и видео пораки во кои ги повикува следбениците на напади на САД и западните сојузници, како освета поради убиството на неговиот татко.
ФОТО: Би-Би-Си