Бројот на загинати при самоубиствениот напад на екстремистичката група Ал Шабаб во хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу се искачи на 29, а повредени се 80 луѓе.
– Засега знаеме дека загинале 29 лица, поголемиот број цивили, а 80 се повредени – изјави полицискиот мајор Муса Али.
Тој додаде дека во тек е престрелка помеѓу полициските сили и екстремистите на местото на експлозијата, при тоа предупредувајќи дека можно е да расте бројот на жртви.
Одговорноста за синоќешниот напад ја презеде терористичката организација Ал Шабаб.
Тоа е најсилна експлозија во Могадишу во последните неколку години. Парчиња стакло летале и по неколку километри од местото на експлозијата.
Ал Шабаб се бори против сомалиската Влада, која има поддршка од западните сили, а е под заштита на Мисијата на Африканска унија.
ФОТО: МИА