На свадба во турскиот град Адана гостите се испотепале затоа што не можеле да се договорат околу музиката. Гостите разочарани од музиката продолжиле со тепачката.
Медиумите во Турција, јавуваат дека невестата и младоженецот доаѓаат од различни места на Турција, па и двајцата имале желба, на свадбата да има традиционална музика од нивните родни места од каде што потекнуваат.
Додека некои од гостите се туркаа и тепаа, други присутни на веселбата фрлаа со столици на сите страни.