Најчевска: Факт е дека не сум добила пријава од претходната власт

710

Јас не сум добила прекршочна пријава од претходната власт. Јас сум дебатирала и кога била минатата власт и да, сум била под притисок, меѓутоа факт дека е не сум добила прекршочна пријава, рече професорката Мирјана Најчевска вечерва на ТВ 24.

– Тие пријави немаат правен корен и оваа власт само треба да го примени закони, тоа е правна држава. Законот јасно кажува дека треба да има оштетувања на зградите, оштетување на зградите нема. Во решението пишува дека сметаат дека со казната од 200 евра ќе ја постигнат целта. Која е таа цел? Да ме замолчат, да не излегувам на протести? Дали значи дека ако од претходната власт бил започнат процес на противправно судење на некој, ние треба да го истераме до крај, дали ако од претходната власт бил започнат процес на противправно вработување, ние треба тоа да го истераме до крај? – рече Најчевска.

Професорката праша зашто досега не проработеле институциите, што правеле цели две и половина години.

-Зашто досега не проработеле институциите. Што правеле, па поминаа две и пол години. Не проработеле – заклучи Најчевска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...