| Вести денес: 0

Убиство во Струшко, почина 23 годишно момче

955

Eдно лице почина, а едно е повредено вечерва во престрелка во струшкото село Поум.

МВР ја потврди информацијата – околу 18 часот и 40 минути во селото Поум, У.В. роден 1997 година од истото село пукал кон З.Б. (1996) и В.Б. (1973).

Според полицијата, З.Б. починал, а В.Б. бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга.

Сторителот сам се пријавил во полициската станица во Струга.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...