Ѕвездата на Беверли Хилс итно пренесен во болница, имал тежок мозочен удар

1225

52-годишниот американски актер Лук Пери вчера доживеал тежок мозочен удар по кој итно бил пренесен во болница, пренесува “TMZ”.

Итната помош интервенирала во неговиот дом околу 9,40 часот наутро и го пренела во болница во критична состојба, а неговата моментална состојба засега не е позната.

По некаква коинциденција, ова се случило истиот ден кога телевизискиот канал “Fox” официјално го објави повторното снимање на ТВ серијата Беверли Хилс, 90210, во која Лук се прослави играјќи ја улогата на Дилан Мекеј.

Дел од актерскиот тим од оригиналната серија ќе учествува во новиот проект, но Пери не ја прифатил понудата повторно да се најде во улога на популарниот Дилан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...