Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот поранешен адвокат, Мајкл Коен, „многу лажаше“ за време на вчерашното сведочење во Конгресот, кога тој го окарактеризира претседателот како „расист и измамник“.
Исто така, Трамп ги нападна демократите од Претставничкиот дом за организација на јавно сведочење на истиот датум кога тој беше во Ханој, Виетнам, на својата втора средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун.
– Да се организира лажно сослушување додека трае важен самит како овој, е неверојатно, изјави Трамп откако преговорите со Ким завршија без постигнат договор.
Вчерашното сослушување кое се емитуваше на сите главни телевизиски канали во САД беше едно од најдраматичните јавни увиди во личниот живот на Трамп и во неговите деловни работи. Сведочењето се одвиваше пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом, контролиран од демократите.
– Трамп е расист и измамник, изјави Коен на сослушувањате.
ФОТО: EPA / SHAWN THEW