Тинејџерската ѕвезда на Реал Мадрид доби повик од „Селесао“

159

Селекторот на Бразил, Тите го објави составот на кој ќе смета за претстојните пријателски средби со Панама на 23-ти март во Порто и на 26-ти март во Прага, кои се дел од подготовките на тимот за овогодинешната Копа Америка, на која земјата е домаќин.

Најголем впечаток остави присуство на 18-годишниот талент на Реал Мадрид, Виничиус Жуниор, за кого ова е прва покана за сениорскиот тим на „Селесао“. Досега тој има 29 натпревари и 23 гола за младинските формации на „кариоките“.

Големата ѕвезда на Бразил, Нејмар е надвор од списокот поради повреда на глуждот. Марсело, кој неодамна ретко се наоѓа меѓу стартерите на Реал Мадрид, исто така е аут од составот.

Повикани во репрезентацијата на Бразил:

Голмани: Алисон, Едерсон, Вевертон

Одбрана: Дани Алвеш, Данило, Филипе Луис, Алекс Сандро, Жоао Миранда, Маркињос, Тиаго Силва, Едер Милитао

Среден ред: Алан, Артур, Каземиро, Фабињо, Филипе Кутињо, Лукас Пакета, Фелипе Андерсон

Напаѓачи: Роберто Фирмино, Габриел Жесус, Евертон, Ричарлисон, Виничиус Жуниор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...