Сари за можниот отказ: Проблемот го прават новинарите

116
ФОТО: EPA / NIKLAS HALLEN

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари изјави дека прашањето за неговата иднина не е толку сериозно како што се тврди во британскиот печат.

Според медиумите на Островот, синоќешната победа над Тотенхем со 2:0 привремено ја одложила „егзекуцијата“ на италијанскиот тренер, но при наредни неуспеси, тој сепак ќе биде отпуштен.

– Тоа зависи во поголема мера од печатот отколку од клубот. Во последните неколку дена два или три пати сум контактирал со претставници на клубот. Проблемот не е толку сериозен, колку што вие го правите. Не гледам ништо колосално во тоа Кога работиш како тренер, ти постојано си под притисок и ако проблем се јави само еднаш на шест месеци, тогаш ти си вистински среќен. Ако си изгубил два натпревари, тогаш веќе си под притисок и тоа е нормално. Можно е во Челзи овој притисок да е поголем во однос на другите места“, изјави Сари, цитиран од сајтот на „сините“.

ФОТО: EPA / NIKLAS HALLEN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...