Пијана девојка кршела чаши и чинии во кафуле во центарот на Скопје

Девојката  била спречена и задржана од обезбедувањето во објектот до доаѓањето на полициски службеници, по што таа била алкотестирана и и било утврдено големо присуство на алкохол во организмот.

1429

Дваесет и шестгодишна скопјанка кршела чаши и чинии вчера во угостителски објект во центар на Скопје. По интервенција на полицијата девојката била алкотестирана и било утврдено големо присуство на алкохол во организмот.

Како што информира МВР, вчера во 12.30 часот во угостителски објект во центарот на Скопје дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Л.П. (26) од Скопје, која почнала да крши чаши и чинии во објектот.

Девојката  била спречена и задржана од обезбедувањето во објектот до доаѓањето на полициски службеници, по што таа била алкотестирана и и било утврдено големо присуство на алкохол во организмот. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...