Пајтонот не вози низ плоштад „Македонија“, ама шета низ центарот на Скопје?!

Размислуваме што ќе правиме со коњите, станува збор за расни липицанери, па можно е да ги дадеме на хиподромот во Скопје - рече тогаш Шилегов.

419

Пајтонот веќе не вози низ плоштадот „Македонија“ во Скопје, но „шета“ низ улиците во центарот на градот.

Фотографијата на која коњ со кочија слободно си шета низ скопскиот центар, покрај Собрането, е денешна.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов пред два месеци рече дека ерата на пајтонот, кој беше проект на ексградоначалникот Коце Трајановски за разгледување на спомениците и објектите од проектот „Скопје 2014“, заврши?!.

– Размислуваме што ќе правиме со коњите, станува збор за расни липицанери, па можно е да ги дадеме на хиподромот во Скопје – рече тогаш Шилегов.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...