И во Куманово од денеска епидемија на морбили, има 15 заразени

142

Епидемија на морбили денеска прогласи и Центарот за јавно здравје Куманово, каде досега има 15 заболени од почетокот на годинава, а само во последнава недела заразени се три лица. Меѓу нив се прваче и двајца здравствени работници од кумановската болница, кои работат на детското одделение.

Детето пред да се разболи одело во градинка во Куманово.

Според изјавите на д-р Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје, извршен бил увид во вакциналниот статус на децата во градинката и училиштето, како и дезинфекција, се вакцинира во Здравствениот дом, а се спроведуваат имерки во болницата: ограничени посети, зачестена дезинфекција, тријажа на пациентите.

Единаесетмина од заболените лица се од Куманово, а четири од општина Липково.

Меѓу заболените, седум деца се до едногодишна возраст, едно е првоодделенче, тројца се од 20 до 29 и четворица на возраст од 30 до 39 години. Заболените деца не подлежат на вакцинација, додека од возрасните едно лице не е вакцинирано и едно нецелосно е вакцинирано.

Надлежните од Центарот за јавно здравје и кумановската болница во минатата недела најавија дека епидемија од морбили ќе биде прогласена, откако во февруари се зголеми бројот на заболени.

Надлежните од здравствените установи дале препораки до градинките да не се примаат невакцинираните деца, во меѓувреме и тимовите од Здравствен Дом, покрај континуираната вакцинација вршат засилени контроли и ги повикуваат невакцинираните да се јават во пунктовите за вакцинација, Детски диспанзер и во амбулантата во „Тоде Мендол“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...