Австралијанец со македонско потекло стана амбасадор на Џејми Оливер за Австралија

„Едвај чекам да го научам Џејми како се прави тавче-гравче. Тој многу ја сака италијанската кујна, но сѐ уште не ја запознал македонската“, вели Џорџ (Гоце) Георгиевски, кој подготвувајќи со голема татковска љубов здрави, вкусни и креативни оброци за своите две „чупиња“, стана познат ширум Австралија, во Нов Зеланд и Европа.

859

Џорџ, или како што го викаат неговите Македонци, Гоце Геoргиевски, е роден во Австралија, кадешто неговите родители дошле во далечната 1968.година. За него, како впрочем и целиот свет,  дознавме преку неговиот блог Schoollunch box, како и преку неговите профили на Инстаграм и Фејсбук кадешто сега има повеќе од 100 илјади следбеници од целиот свет.

Неодамна тој потпиша договор и официјално стана амбасадор на Џејми Оливер, во Австралија и Нов Зеланд.

Тоа значи дека ќе го претставува секаде кадешто ќе ги подготвува неговите нови рецепти и ќе ја шири неговата филозофија која е и негова и со која и го привлече неговото внимание, а тоа е, похранлива, поздрава и повкусна исхрана за децата ширум светот, во нивните домови и во училиштата.

Џорџ е познат и како „Lunchbox dad“ и е вистински експерт за креирање на возбудливи, нутритивни и убави на око оброци за неговите две ќерки, или како што тој ги вика „чупиња“, секое утро.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...