Коѕијас го известил Ципрас за разговорите во Скопје: Мора да има уставна ревизија

Според информациите во медиумите во Грција, Атина смета дека има напредок во преговорите.

834
ФОТО: EPA

За средбите во Скопје и текот на преговорите, министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го известил грчкиот премиер Алексис Ципрас на средба во премиерската палата во текот на вчерашниот ден, објавија грчките медиуми.

Според информациите во медиумите во Грција, Атина смета дека има напредок во преговорите. Разговорите во Скопје поминале во добра клима, меѓутоа и понатаму останува разликата во однос на македонскиот Устав, бидејќи „грчката страна не отстапува од барањето за уставна ревизија, не само во однос на името туку и во однос на иредентизмот“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, средбата не беше најавена ниту од кабинетот на Ципрас, ниту од грчкото МНР, ниту пак постоеше официјално соопштение по завршувањето на разговорите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...