МВР почна да издава потврди дека ни важат документите со старото име

937

Министерството за внатрешни работи почна да издава потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од Министерството што не го содржат новото име на државата, до целосната промена на сите документи (лични карти, уверенија
за државјанства, возачка дозвола) кои не го содржат новото име на
државата „Република Северна Македонија“. Со овие потврди се
валидизира важноста на документите што се презентираат во странство
односно во амбасадите на државите што тоа го бараат. Потврдите се со нов печат и новото име Република Северна Македонија, информираат од МВР.

Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по кој било основ престојуваат во државата.

Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, што се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...