Глумицата Неда Арнериќ била итно префрлена во болница, пишува српскиот таблоид Блиц. Според сознанијата, братот упорно се обидувал да ја добие на телефон, но Неда не одговарала на повиците. Тогаш братот повикал бравар и ја обиле вратата од станот.
– Неда ја затекнале како лежи на подот. Екипа на брза помош дошла на повик и Неда е префрлена во Ургентниот центар – вели изворот на „Блиц“.
Засега, нема повеќе детали за причините зошто се онесвестила една од најголемите филмски ѕвезди на поранешна Југославија.
Пред три години Неда Арнериќ паднала од терасата на својот стан на трети спрат во Белград. Притоа, го повредила рбетот и била згрижена во Ургентниот центар, но имала и повреди на вратниот, градниот и лумбалниот дел од рбетот. Повредите биле многу тешки, но животот ѝ го спасило само тоа што не паднала на асфалтот.
Во средината на ноември, минатата година, почина нејзиниот сопруг, доктор Миодраг Мештеровиќ.
Фото: Блиц