Тренерскиот штаб на Барселона е сериозно загрижен за физичката состојба на својата ѕвезда, Лионел Меси, кој не тренираше вчера со своите соиграчи во репрезентацијата на Аргентина.
Како што е познато, Лео беше на трибините и не се појави во игра во контролната средба против Италија во петокот, бидејќи пред натпреварот се чувствувал исцрпено.
Вчера Меси остана цел ден во хотелот во Мадрид, каде што „гаучосите“ се сместени пред проверката со Шпанија во вторник. Информациите велат дека тој веројатно повторно ќе остане на клупата и за овој меч.
Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека покрај замор, Меси е измачуван од болка во десната нога.