Новата власт ги промени приоритетите, додека протестираше против власта на Груевски приоритети беа правната држава, слободата, солидарноста кои се заменети, огромен број луѓе кои протестираа на улиците сега се разочарани, вели професорот Владимир Милчин кој како гостин во дебатна емисија на Ал Џезира го анализира дејствувањето на македонската опозиција.
Според него, наместо новата власт да ги исполни ветувањата од времето кога била опозиција се соочуваме со корупцијата, клиентелизам и непотизам.
Тој истакна дека има некои специфики кога станува збор за Македонија, со оглед на тоа што пред многу кратко време државата го промени името во Република Северна Македонија, што предизвика жестоки реакции, иако постои консензус во земјава околу македонската перспектива во НАТО и ЕУ.
– Има еден парадокс, човекот кој го кочеше патот на Македонија кон Европа, Никола Груевски, кој беше премиер, најде засолниште во земја која е членка на НАТО и ЕУ, а сега и Македонија е членка на НАТО, тоа е Унгарија, орбанова. Орбан, или го доби на подарок Груевски, или го префрли по илегален пат и го зашити својот идеолошки партнер – вели Милчин.