Претставници на извршната власт ќе го разгледаат прашањето со прекршочните казни од Шарената револуција и ќе разговараат со засегнатите граѓани за можни решенија, со целосно почитување на судската власт, но и почитување на демократските принципи и интегритетот на граѓаните, пишува премиерот Зоран Заев на своjот профил на Фејсбук по реакциите на социјалните мрежи откако професорката Мирјана Најчевска вчера објави дека и стасало известување дека треба да плати 200 евра за фрлање боја за време на Шарената револуција.
„Прекршоците со фрлањето боја во времето на протестното движење ги правевме свесно, знаејќи ја цената на казната, но со повисока цел – слобода и ослободување на институциите.
Слична казна за фрлање боја веќе платив и јас лично.
Ќе разговараме со граѓаните за решенија кои ќе ја чуваат честа на граѓанскиот активизам и лично како граѓани ќе ги поддржиме солидарните иницијативи.“, пишува Заев.