Инциденти во грчкиот град Птолемаида: „Македонија е грчка“, „Ципрас, предавнику“

551
Photo: EPA/Yannis Kolesidis

Посетата на министерката за цивилна заштита нa Грција, Олга Геровасили на Птолемаида, во Северна Грција помина со инциденти и тензии меѓу полицијата и насобрана група граѓани.

Според локалните медиуми, едно лице со повреди на главата било пренесено во болница, а биле повредени и четворица полицајци.

Геровасили ја посети Птолемаида за да присуствува на свечената заклетва на дипломираните од Школата за пожарникари, а група граѓани протестираа против Договорот од Преспа.

„Македонија е грчка“, „Ципрас, предавнику“ извикувале насобраните граѓани, објавуваат локалните медиуми.

Министерката за цивилна заштита го коментираше протестот преку нејзиниот официјален Фејсбук профил и напиша дека на поканата на радикалните десничари се огласиле само 15 лица и пратеникот од Златна зора, Христос Папас, јави дописничката на МИА од Атина.

-Граѓаните од Птолемаида им завртија грб. Им завртија грб на насилството и нетолеранцијата, напиша Геровасили кусо по инцидентите. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...