Меркел и Макрон: Нема нов договор за Брегзит

227

Францускиот претседател Емануeл Мaкрон изјави денеска во Париз дека на Велика Британија и треба причина за да го одложи планираното излегување од ЕУ на 29 март.

Макрон на заедничката прес- конференција со германската канцеларка Ангела Меркел повтори дека за отфрлањето на договорот не може повторно да се разговара.

Тој вели дека секое барање за одложување треба да биде оправдано „со јасна перспектива за целта“.

-Не ни треба време, потребни ни се одлуки, рече Макрон.

Канцеларката Меркел изјави дека Германија и Франција целосно се согласуваат дека веќе договорениот договор не може да се менува.

– Доколку на Британците им треба уште време, нема тоа да го одбиеме, но тежнееме кон уредно решение, односно уредено повлекување на Британците од ЕУ, рече Меркел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...