Во нива во село Мартолци, Велешко, починат и со изгореници на телото било пронајден 80-годишниот Ј.А. од истото село, било пријавено синоќа околу 18.30 часот во СВР Велес.
Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, посочи дека вчера околу 13.00 часот Ј.А. запалил исушената трева, но огнот го зафатил и него.
– Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицинскиот центар Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб, информира Додевски.