Почна самитот, Трамп и Ким се ракуваа и се насмевнаа

216
ФОТО: EPA / RITCHIE B. TONGO

Вториот самит на лидерите на Северна Кореја и САД, Ким Џонг-ун, и Доналд Трамп почна денеска во Ханој со ракување и насмевки.

Двајцата лидери се ракуваа пред знамињата на своите земји во хотелот „Метропол“ во престолнината на Виетнам.

– Се радуваме на состанокот, двете страни, изјави Трамп.

ФОТО: EPA / STRINGER

На прашањето дали тој можеби формално ќе стави крај на Корејската војна, Трамп рече: „Ќе видиме што ќе се случи, но сакаме да направиме нешто големо“.

Се очекува, состанокот „еден на еден“ да трае 20 минути, а потоа ќе следи вечера на која ќе бидат присутни и други членови на двете делегации.

Ова е втор самит на Трамп и Ким. Првиот се одржа во Сингапур во јуни минатата година.

Белата куќа претходно соопшти дека на вечерата ќе присуствуваат и државниот секретар на САД Мајк Помпео и шефот на кабинетот на Трамп, Мик Малвени, како и двајца помошници на Ким, но и преведувачи.

Трамп и Ким ќе остварат средба и утре.

Виетнамските власти ветија исклучително високи безбедносни мерки, додека Вашингтон и Пјонгјанг уште пред неколку дена испратија припадници на своите безбедносни сили.

Севернокорејскиот лидер е сместен во хотелот „Мелиа Ханој“, а Трамп во „ЈВ Мериот“.

ФОТО: EPA / RITCHIE B. TONGO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...