Во Општата болница во Струга од вчера повторно може да се оперираат пациенти. Оперативната програма во оваа установа беше во застој неколку недели поради квар на опремата за анестезија, а пациентите биле преупатувани во други болници.
– Дефектот е поправен и во болницата од вчера непречено се оперира – информираа од Министерството за здравство.