Починаа уште пет лица од компликации од грип во Црна Гора

163

Во Црна Гора починаа уште пет лица од компликации од грип, со што вкупниот број починати за оваа сезона се зголеми на 15, покажуваат најновите податоци на црногорскиот Институт за јавно здравје.

Во извештајот за периодот од 18 до 24 февруари се наведува дека претходната недела починале тројца машки пациенти на возраст од 54, 58 и 73 години. Ниту еден од нив не бил вакциниран со сезонската вакцина против грип, пренесува Радио-телевизија Црна Гора.

Во Центарот за контрола и превенција на заразни болести минатата недела се пријавени двајца починати пациенти, на 48 и 67 годишна возраст, кои починале на 6 и на 16 февруари.

Исто така, потврдени се 43 случаи на заболени од грип, а вкупниот број лабораториски потврдени случаи на грип од почетокот на сезоната изнесува 379.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...