Најголемите британски телевизиски медиуми Би-Би-Си и Ај-Ти-Ви денеска објавија планови за создавање британски сервис за стриминг, наречен „Бритбокс“, во обид да се спротистават на големата конкуренција од онлајн гигантите, како што е Нетфликс.
Најверојатно тоа ќе биде поголема верзија на нивната „БритБокс“ стриминг услуга, што се нуди во Северна Америка, каде имаат повеќе од половина милион претплатници.
– Би-Би-Си и Ај-Ти-Ви се во завршна фаза на разговори за да се воспостави стратешко партнерство, за да се донесе возбудлива нова услуга за стриминг кон публика од Обединетото Кралство – се вели во соопштението.
Тие додаваат дека ќе има нови и стари програми со „конкурентна” претплата.
Би-Би-Си и Ај-Ти-Ви велат дека се надеваат оти ќе почнат со услугата во втората половина од 2019 година
– Услугата ќе содржи се, од старите омилени до неодамнa снимени емисии како и нови проекти – наведуваат двете телевизии во соопштението.
ФОТО: EPA / SASCHA STEINBACH