Џуди Мареј, мајката на познатиот британски тенисер Енди Мареј, верува дека нејзиниот син може да се врати на професионалниот тенис по операцијата на зглобот на колкот.
– Мислам дека Енди ќе се врати и дека тоа е можно. Тој е паметен човек, има голем интерес во разни области на животот. По тенисот, очигледно ќе има што да работи. Боб Брајан се враќаше по слична повреда, но тој е дубл играч, а во оваа категорија физичкиот стрес е сосема поинаков. Сепак, Енди ќе стори сé за да си даде шанса повторно да игра.
Најважно е што сега се ослободи од болката што не го остави во изминатите 20 месеци. Тој има едно младо семејство, и треба да се размислува не само за себе, туку и за квалитетот на животот по пензионирањето, што во секој случај е неизбежно – истакна Џуди Мареј.
Британскиот тенисер го пропушти најголемиот дел од минатата сезона по операцијата на колкот. Во пресрет на Австралискија опен, тој рече дека го остава тенис, но по турнирот играчот рече дека е подготвен да оди на втора операција со цел да се врати во спортот.