Еден рудар загина, 13 се повредени, а десетици се затрупани под земја на рударска локација во индонезиската покраина Северен Сулавеси, соопшти Националната агенција за вонредни состојби.
Рударите ископувале злато кај селото Бакан.
– Десетици рудари синоќа околу 21 часот по локално време се затрупани под земја на нелегална рударска локација – напиша на Твитер портпаролот на Агенцијата, Сутопо Пурво Нугрохо.
Спасувачки екипи се наоѓаат на местото на несреќата.
– Спасувачки тим продолжува со евакуација на десетина рудари кои се затрупани кај селото Бакан – додаде портпаролот.