Знаете ли што е добро во ова општо зло што и се нанесува на државата, оваа екстензија на режимот, амнестија на злосторот, непотизам и корупција, ова демонтирање на правдата?!
Тоа што е очигледно што правите и уште поочигледно е дека не можете ништо вака да оправите.
Зборуваме, да се самооправиме, да не останеме на решавањето на историски прашања со соседите и со помош на странците, туку како да си помогнеме во создавање на владеење на право, одговорност, едукација, борба против загадување, депонии и узурпации.
Но, суштински се покажува и нешто друго. А тоа ви го покажуваат и уметноста и културата.
Пример. Македонски документарец кој се осврнува на екологијата и на човековата егзистенција, триумфира во светот, додека вие ништо не преземате. Или една културна институција која планирате да ја сјебете, со никакви ресурси, прави чуда. И вие ќе ја сјебете.
И сега, некој злонамерник би рекол дека таа реалност, уметност, култура, работи против вас, како што и против вас коментираме, мрчиме де.
Ама, всушност, вистината е дека вие работите против нас, вие сте против нас, вие сте мрчаторите, вие сте против поубавата реалност, вие сте за криминалот и тендерската коалиција, вие, вие, вие, со вашата шематизирана нарација, затворена, неука, проста, стерилна, деструктивна, минимална, вие сте простите, и сте одлучно против нас.
Вашите партиски соопштенија, кои се повеќе наликуваат на Илија Димовски, вашата демагогија, вашето црно-бело интерпретирање на нештата, сето тоа евентуално оди и против вас, зошто на политичката хегемонија, која ја делите со ДУИ, не соодејствува никаква културна хегемонија. Вие само го перпетуирате безобразлукот.
Она малку здраво, мислечко и пошироко во општеството, веќе ве денунцира за простотилакот, се разбира ако ги игнорираме апологетите и клиентите.
Не може бе дечки да сте сивоњи и рафинирани во исто време. Не може да си партиски поедноставувач и уметник во исто време. Не може да сте закачени за оваа еднодимензионална медиумска и квазикритичка пропаганда и да мислите дека така ќе истерате далеку.
Вашите патетични обиди да искреирате некаква си нова култура и нова политика се судира со очигледната разочараност од криминогените пракси достојни на режимот.
Секој обид тоа да го игнорирате и во иднина исто да се однесувате ќе се сруши од очигледни структурални причини. Во еден момент во времето, оваа банда на аплаудирачи нема да ви врши работа, како и ниту еден партиски клиент. Затоа што пак ќе ви требаат гласови од едуцираните, слободните и заборавените. Тие се тасот на вагата, и вие ќе ги немате. Не можеш со истата приказна да освоиш клиенти и луѓе кои нешто читаат, мислат, се обидуваат да се издигнат во ова општество или барем да не се лажат околу реалноста.
Имате моќ, ама немате памет, за убавина и да не зборам.
(ФБ статус на авторот)