Италијанскиот премиер Џузепе Конте и неговата британска колешка Тереза Меј, за време на неодамнешниот Самит на Европската Унија и Арапската лига во египетското летувалиште Шарм ел Шеик, одиграа партија билјард, разговарајќи за Брегзит, но и за своите танцувачки вештини.
Конте објави и снимка од тој „натпревар“ на својот Твитер, а на неа се гледа дека Меј и не се снаоѓа баш најдобро во таа игра па бара од него да ѝ покаже како се прави тоа.
Тој ја започна играта, а потоа повеќемина присутни ѝ пријдоа напомош на Меј, за почеток, да ѝ посочат како се држи билијардскиот стап, а потоа и како да погоди по некое топче.
Let’s play pool @theresa_may 🎱 pic.twitter.com/TdVRMWTlCB
— GiuseppeConte (@GiuseppeConteIT) February 24, 2019
ФОТО: EPA / PALAZZO CHIGI PRESS OFFICE / FIL