Семејството на Мајкл Џексон за документарецот: Тој не е таков, немаат докази за обвинувањата (ВИДЕО)

222
ФОТО: Принтскрин

Семејството на Мајкл Џексон во интервју за Си-Би-Ес зборуваше за документарецот за починатата ѕвезда со наслов „Leaving Neverland“, во кој двајца мажи тврдат оти кога биле деца пејачот сексуално ги злоупотребил.

Тито, Марлон, Џеки и Таџ сметаат дека оние кои го обвинуваат Џексон само за да добијат пари.

– Не. Тој е мојот помал брат. Го знам брат ми. Тој не е таков – изјави Џеки.

Марлон го критикуваше документарецот бидејќи „не ја кажува вистината“, а нагласи и дека „нема докази“ за обвинувањата.

Ејч-Би-О можно е да се соочи со тужба од 100 милиони долари поради документарецот. Според договор во минатото, каналот смеел да го прикажува концертот на Мајкл Џексон во Букурешт од неговата „The Dangerous“ турнеја, но во иднина пејачот не смеело да се омаловажува.

Од друга страна, Би-Би-Си подготвува нов документарец за Џексон, со цел да им помогне на гледачите „да го запознаат подобро“.


ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...