Актерката Ирена Ристиќ вечерва на својот Фејсбук профил предложи да се соберат пари за казната на професорката Мирјана Најчевска, која денеска објави дека е казнета со 200 евра за фрлање боја за време на Шарената револуција.
„Симболике ради, треба да се екипираме ние неколку души и да собереме средства за казната на Најчевска и со свечена церемонија и пренос на тв, да ги уплатиме!
Она не смее денар да плати!
И да ги поздравиме Павле, Рада, Зоки и остали лоши стрелци!
*лајк ќе значи 100 денари, а у коментар пишете ако давате поише.“, пишува Ристиќ.