Бошњачкиот демократски сојуз е новата политичка партија, која беше формирана денеска, а за прв ретседател го избра Мунир Колашинац. Потпретседател на партијата е Зеќир Кувардовиќ, а генерален секретар Дино Дрпланин.
-Бошњаците, како и другите заедници, имаат право на уставно еднаквост нега на културните вредности, со помош на државните и другите институции. Ќе се бориме за целосна имплементација на образование на Бошњаците и на сите други заедници на нивниот мајчин јазик. Ќе се залагаме и за информирање на мајчин јазик. Статусот на Бошњаците ќе биде остварен преку законските одредби во Македонија – изјави Колашинац.
Генералниот секретар и портпарол, Дино Дрпланин, рече дека партијата ќе дејствува во политичкиот центар. И дека според законот за употреба на јазиците сега и босанскиот јазик ќе се користи како официјален, по примерот на скопската општина Петровец.
Од пртијата велат дека бројот на Бошњаците во земјава е многу поголем од 17.000.