Претходно Роџерс поднесе барање за раскинување на договорот со Селтик, по што почна да преговара за работата во Лестер.
Роџерс има искуство во англиската фудбалска елита откако ги водеше тимовите на Свонси и Ливерпул. Во 2014-та тој беше близу до тоа да ја освои титулата со Ливерпул во Премиер лигата, но легендарното лизгање на Стивен Џерард во еден од решавачките последни натпревари сезоната – против Челзи (0:2), го лиши од тоа.
Лестер во моментов е 12-ти со 36 поени и 5 порази во последните 6 натпревари во елитата.
Самиот Роџерс го напушти Селтик како лидер во шкотското првенство – 63 поени, 8 пред вториот Ренџерс. Тој освои 7 трофеи на чело на „детелините“, вклучувајќи и две титули во шампионатот на островската земја.