Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе предлог до судот да му биде продолжен куќниот притвор на осомничениот Сашо Мијалков за случајот „Империја“, кој му истекува утре, јавува „Макфакс“.
Апелациониот суд Скопје им го продолжи куќниот притвор во траење од 30 дена на осомничените Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ. Aко Мијалков и овој пат добие 30-дневен куќен притвор, неговите адвокати може да поднесат жалба до Врховниот суд по начленото правно мислење дека СЈО е неовластен тужител за истраги и обвиненија по законскиот рок од 30 јуни 2017 година.
Во „Империја“ осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски за неколку кривични дела.