Се испитуваат последните сведоци за уривањето на „Космос“

159

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се одржа рочиште за предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, на кое одбраната изнесуваше докази.

Одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, кој е меѓу обвинетите за предметот за уривање на станбено-деловниот комплекс „Космос“, на денешното рочиште читаше вештачења од документацијата за предметот, како и судски пресуди, кои ги зема како докази.

На следното рочиште ќе биде сослушан сведокот Роска Паческа, во својство на технички советник од областа на геодезијата.

Имено, Паческа има изготвено мислење со забелешки за целата документација од предметот.

Во доказната постапка, ќе биде повикан и архитектот Мирослав Грчев, за кого одбраната бара да биде испитан.

Судијата Огнен Ставрев посочи дека по следните три рочишта очекува одбраната и обвинителството да почнат со подготовка на завршните зборови, наведувајќи дека смета оти треба поскоро да биде донесена пресудата.

Тие рочишта се закажани за 12, 18 и 22 март.

За предметот „Т.Н.Т“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски. Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...