СДСМ бара и нуди решенија против непотизам и партизација, се случија и повлекувања на роднини на функцинери од работни места, од морални и етички причини. Од друга страна молк во ВМРО-ДПМНЕ. Молчат оние што го создадоа непотизмот низ годините наназад, кои ја наполнија администрацијата и создадоа партиски и роднински јазли, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
– Мицкоски молчи, не го повика својот братучед да се повлече од работното место во ЕЛЕМ турс. Не ги повика ниту снаата, вујкото, братучедот, братучедтката и зетот на Милошоски да се повлечат од работните места во администрацијата. Пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден пример во низата. Речиси сите поблиски роднини на Стевананџија се вработтени во државни инситуции кои се финансираат од Буџетот, од парите на граѓаните – рече Костадинов и ги наброја роднините на Стевананџија:
– Сопругата на пратеникот Димитар Стевананџија, Јулија Стевананџија е вработена во здравствениот дом во Прилеп.
Марија Адамческа, сестра на Стевананџија е вработена во Центарот за јавно здравје во Прилеп.
Неговиот вујко, Јоска Матески, е вработен во Апелациониот суд во Битола.
Тетката на Стевананџија, Соња Костоска, е вработена во Основниот суд во Прилеп.
Неговата братучедка Емилија Матеска пак е вработена на Универзитетот Климент Охридски во Битола.
Тој побара пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски и Стевананџија да ги повлечат своите роднини од државниот сектор.