Поради грип, хоспитализиран Албин Курти

374

Лидерот на косовската опозициска партија Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти е хоспитализиран денеска со симптоми на сезонски грип на инфективното одделение на Клиничкиот универзитетски центар на Косово (ЌКУК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата ја објави членот на партиското раководство Арбен Витија, кој изјави дека Курти имал висока температура и општа вирална состојба и е одведен во ЌКУК „за секој случај“.

Тој нагласи дека состојбата на лидерот на ВВ веќе е стабилна и се очекува наскоро да биде пуштен дома.

– Почитувани пријатели, откако многумина од вас се јавувате по телефон за да прашате, ве информирам тука. Албин утрово имаше здравствени проблеми, поради грип. Благодарение на грижата на лекарите во итната служба и на инфективната клиника во ЌКУК, неговата состојба сега е постабилна. За него се грижат лекарите, семејството и активистите. Имајќи предвид дека сите испитувања се добри, се надеваме дека ќе излезе многу брзо – напиша Витија на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...