На Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември, оваа година за првпат ќе биде доделена државна награда за човекови права „Мето Јовановски“.
За да се обезбедат средства за новата државна награда, Владата на 123-тата седница го разгледа текстoт на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди.
Новата државна награда е именувана по Мето Јовановски (1928-2016), писател и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права и еден од основачите на невладината „Транспарентност – нулта корупција“.