Претседателот на калчолигашот Џенова, Енрико Прециози очекува доскорешниот играч во неговиот тим, а сега член на Милан, Кшиштоф Пјонтек, да стигне до 35 погодоци оваа сезона.
– Не ме изненадува тоа што толку често ги тресе противничките мрежи. Мислам дека ќе стигне до 35 гола. Јас го очекувам ова од него. Инаку не би го продал за такви пари. Разбирам дека навивачите на Џенова не се задоволни поради неговото заминување, но моравме да го продадеме. Му посакувам успех, го заслужува тоа – рече Прециози.
Поранешниот соиграч на Горан Пандев, се пресели од Џенова во Милано оваа зима за 35 милиони евра.
Во тековната сезона, Полјакот одигра 27 натпревари и постигна 26 гола. Во првиот шест натпревари за Милан, постигна седум погодоци.
ФОТО: МИА