Манчестер јунајтед се соочува со голем број повредени фудбалери пред натпреварот од Прмиер лигата против Кристал Палас.
Според „Гол“ тренерот Солскјер нема да може на дури десетмина.
Повредени се: Андер Ерера, Хуан Мата, Џеси Лингард, Немања Матиќ, Матео Дармијан, Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал, Фил Џонс, Антонио Валенсија, и Мејсон Гринвуд кој беше приклучен на првиот тим како перспективен напаѓач.
Ерера, Мата, Лингард и Рашфорд беа повредени во првото полувреме минатото коло на дербито со Ливерпул (0: 0).
Натпреварот Кристал палас – Манчестер јунајтед се игра утревечер со почеток во 21 часот.
ФОТО: EPA / FACUNDO ARRIZABALAGA