Сѐ повеќе дечиња одат во градинки и центри за ран детски развој

141

Вкупниот број деца во установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки и центри за ран детски развој изнесува 37615, што претставува зголемување за 6,6 отсто во однос на 2017 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика од 30 септември 2018 година.

Со годишните извештаи во 2018 година се опфатени 103 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за четири отсто повеќе во однос на 2017 година. 

Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата, во согласност со нивните развојни потреби, на возраст до шест години, во повеќе групи (групи деца во развоен период до две години, од две години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи деца со пречки во развојот, групи деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка, групи за пилот-програми, како и групи за вонинституционална форма на активност. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...