За инцидентите со Јанакиески и Ристовски, дисциплински за најмалку 11 вработени во Шутка

263

Директор на истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котески, до Владата ги доставил оставката и извештајот во врска со инцидентите во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спире Ристовски и Миле Јанакиески.

Котевски посочува дека првично се покренати дисциплински постапки за 11 лица во затворот „Скопје“, кај кои биле утврдени пропусти во постапувањето, но оваа бројка не е конечна.

Извештајот за инцитентот, покрај до Илинденска, се наоѓа и на бирото на министерката за правда, Рената Дескоска, која денеска треба да го разгледа. Исто така, примерок е доставен и до директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ од каде исто така се очекува извештај.

Јанакиески и Ристовски во средата беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните во Собранието на 27 април 2017 година. По инцидентот во затворот на Јанакиески му е заменет притворот со мерка „куќен притвор. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...